(ВИДЕО) Жена од Парк брка ТВ екипа која снима дете со дијабет, оти летниковецот бил резервиран за роденденот на ќерка и

by Fokus

Непријатна ситуација дожижеала ТВ екипа на телевизијата Алфа додека снимале сторија за четиригодишната Бисера која е дете со дијабет.

Имено, според објавеното видео, додека таткото на девојчето објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, дрска жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат.

Таа со висок тон и дрско им кажува дека нејзин е летниковецот и дека истиот е резервиран.

На прашање на водителката дали знае за што е интервјуто, жената одговара дека не ја интересира.

Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината“, вели жената која додава дека не се срами.

Поврзани новости