(ВИДЕО) Угинаа повеќе од 50 китови насукани на брегот на Австралија

by Fokus

Повеќе од 50 китови угинаа неколку часа откако беа исфрлени на брегот во Западна Австралија, соопштија денеска официјални лица. Околу 100 пилот-китови се насукаа на плажата на околу 400 километри југоисточно од Перт.

Државната служба за паркови и диви животни соопшти дека работи со волонтери за да ги спаси 46-те преживеани китови.

Надлежните соопштија дека има доволно доброволци, апелирајќи до јавноста да не доаѓа на плажата.

Се предупредува на низа опасности, вклучително и присуство на големи, вознемирени и потенцијално болни китови, како и ајкули.

Поврзани новости