ДУИ со најголемо влијание врз ИВЗ

by Fokus

Вкупно 56,6% од испитаниците сметаат дека „ИВЗ е подложна, или донекаде подложна на политички влијанија“.

Ова го покажува истражувањето на „Религија.мк“, „Институтот за политички истражувања – Скопје –ИПИС“, поддржано од Фондацијата „Конрад Аденауер“ – КАС, како дел од проектот за анализа на перцепцијата на јавноста во мулти-религиски општества, како што е Македонија.

Како политичка партија за која верниците имаат мислење дека има најголемо влијание врз Исламската верска заедница (ИВЗ) се смета ДУИ, објавува порталот „Религија“.

Дури 53,8% сметаат дека оваа политичка партија има најголемо влијание врз ИВЗ, додека влијанието на останатите политички партии е речиси занемарливо.

Интересно за анализа е мислењето на муслиманите околу прашањето „Дали ИВЗ треба да има, или не треба да има политичко влијание во јавниот живот“.

Дека треба да има, или донекаде да има влијание се определиле 41,4% од анкетираните, додека 40,2% сметаат дека ИВЗ не треба, или донекаде не треба да има политичко влијание во јавниот живот.

Истражувањето во кое беа опфатени само муслимани, покажува дека во ИВЗ доверба имаат 66,7% од анкетираните, од кои 22,8% се изјасниле дека имаат „целосна доверба“, додека 43,9% одговориле со „донекаде да“ имаат доверба.

Само 4,8% велат дека „воопшто немаат“ доверба во ИВЗ, како институција.

Поврзани новости