(Видео) Тепачката на базенот во Штип во полиција ја пријавила една од нападнатите жени

by Fokus

Полицијата работи на расчистување на случајот на масовна тепачка на градскиот базен во Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР тепачката се случила вчера во попладневните часови, а случајот во полиција го пријавила една од нападнатите жени.

„Вчера во 16:10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15:30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Снимка од тепачката беше објавена од ТВ „Стар“,  на која се гледа дека во пресметката учествуваат повеќе лица, мажи и жени.

Поврзани новости