(ВИДЕО) Спектакуларни огномети во Австралија и Нов Зеланд

by fokus

Доаѓа Новата Година, полека но сигурно. Кирибати, Нов Зеланд, Австралија веќе влегоа во 2024 година.

На тихоокеанскиот остров Кирибати, во 11 часот по наше време, тие веќе влегоа во Новата година, а еден час по нив, Новата година пристигна во Нов Зеланд.

Во Окленд беше организиран огномет од Sky Tower, највисоката зграда во земјата.

Во 14 часот по наше време, во Сиднеј се одржа прекрасен огномет во чест на новогодишната ноќ.

Поврзани новости