Интерпол: Се соочуваме со невидена епидемија на прекуграничен организиран криминал

by fokus

Меѓународната полициска организација Интерпол соопшти дека е регистрирано нагло зголемување на организираниот криминал од прекуграничните мрежи и предупреди дека овие банди само ќе станат помоќни.

Ова го пренесе ДПА, повикувајќи се на изјава на Јирген Сток, генерален секретар на организацијата со седиште во Лион.

– Се соочуваме со невидена епидемија на прекуграничен организиран криминал. Глобално активните криминални групи стануваат помоќни, повлијателни, поопасни и склони кон насилство на нашите улици, истакна Сток.

Борбата против организираниот криминал мора да ја води целото општество, рече Сток, додавајќи дека „стабилноста на нашите заедници е загрозена“.

Ниту една земја или регион не може сама да се справи со безбедносната криза, заклучи шефот на Интерпол.

Со 196 земји-членки, Интерпол е најголемата полициска организација во светот и ја координира меѓународната полициска соработка. Нејзиниот претходник беше структурата за соработка меѓу полициските власти, основана во 1923 година во Виена. Преку Интерпол, земјите-членки разменуваат информации за барани лица.

Поврзани новости