(ВИДЕО) Пожар во зградата на руското МВР

by Fokus

Пожар избувна денеска во главниот полициски оддел во зградата на руското Mинистерството за внатрешни работи, пишува агенцијата „ТАСС“ .

„Пожарот избувна на третиот кат од зградата на главниот полициски оддел на улица Петровка бр. 38, зграда 5“, изјави за Руската агенција извор од службата за итни случаи.

Според информациите, во моментот во зградата има густ чад, а првичните извештаи укажуваат дека пожарот ги зафатил градежните материјали складирани во канцеларијата на третиот кат.

Поврзани новости