(Видео) Небото над Турција се зазелени од пад на метеор

by Fokus

Жителите на турскиот Ерзурум, град во источна Анадолија, во саботата вечерта биле сведоци на спектакуларен пад на метеор и случајно го снимиле со камерата на своите мобилни телефони додека ги снимале деца како си играат во паркот.

Во краткото видео кое е објавено на социјалните може да се види момче како си игра со светлечки балон во паркот доцна во ноќта, а зад него на небото со голема брзина брза мал светлечки објект, кој набрзо го зазелени целиот хоризонт и потоа блесна портокалово.

Небесниот феномен најверојатно се случил откако метеор влегол во горната атмосфера и се запалил поради триење.

Поврзани новости