Нетанјаху бара протерување на африканските мигранти по денешните жестоки судири

by Fokus
фотоЧ ЕПА

По жестоките судири меѓу полицијата и мигрантите од Еритреја, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска повика на депортација на африканските мигранти кои престојуваат во Израел.

Вчера повеќе од 150 лица беа повредени во Тел Авив, од кои една третина полицајци, откако избувна насилство на собир на еритрејски граѓани што требаше да се одржи во амбасадата на таа источноафриканска земја по повод Ден на еритрејската револуција. Критичарите настанот го нарекоа пропаганда.

-Црвената линија е помината, рече Нетанјаху на состанокот на министерскиот комитет кој се занимава со миграцијата во Израел.

-Немири, крвопролевање – ова е беззаконие што не можеме да го прифатиме, рече тој, повикувајќи на силни мерки против бунтовниците, вклучително и итна депортација на оние кои беа вклучени во немирите.

Тој му наложи на комитетот да подготви сеопфатен план за депортирање на сите африкански мигранти од Израел.

Израелските власти регистрираа многу баратели на азил како економски мигранти и ги одобруваат нивните барања во ретки случаи, објаснувајќи дека Израел не е законски обврзан да ги прифати и покрај меѓународните прописи.

Полицијата извести дека во конфликтот во Тел Авив биле уапсени 39 демонстранти кои носеле палки, солзавец и шок пиштоли.

Некои демонстранти оштетија автомобили, вклучително и полициски возила и излози. Откако полицијата пукала во нив, неколкумина од нив се повредени. Околу 18.000 мигранти од Еритреја моментално живеат во Израел.

Поврзани новости