(ВИДЕО) Ким Џонг-ун плачејќи им се извини на граѓаните

by fokus

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун на воената парада по повод 75 години од основањето на владејачката работничка партија се расплака и им се извини на своите граѓани.

-Народот ми укажа верба која е висока до небото и длабока како морето, но не успеав да ги направам задоволни. Навистина ми е жал. Иако ми е дадена важна одговорност да ја водам земјата, како што тоа го правеа големите Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил, мојот труд, но и искреноста не беа доволни за нашиот народ да се ослободи од тешкотиите во животот, рече Џонг-ун.

 

Поврзани новости