ВИДЕО Камион виси над реката Морава во Србија, шоферот заглавен во кабината

by fokus

Снежното време и лизгавите коловози предизвикаа бизарна сообраќајка на автопатот Београд-Ниш. Камион утринава се излизгал на автопатот и ја пробил заштитната ограда на мостот кај селото Мијатовац во Јагодина.

Како што соопштуваат српските медиуми кабината на камионот виси над реката Велика Морава, а во неа е заглавен возачот.

На местото на несреќата се наоѓаат возила на Брза помош и противпожарни екипи кои во спасувачка акција се обидуваат да го извлечат  возачот.

Поврзани новости