(Видео) Гореше борова шума во Сарај – пожарот се гаснеше со хеликоптер и „ер трактори“

by fokus

Попладнево избувна нов пожар во општина Сарај кај село Љубин, што навлезе во борова шума.

-Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на ПП сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, се влучува еден полициски хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони ,,ер трактор” на ДЗС полетаа за дејство, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарот за кратко беше локализиран, а екипа скопски пожарникари вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот.

Поврзани новости