(Видео) Гасење на пожарот кај Демир Капија со полицискиот хеликоптер

by Fokus

Министерството за внатрешни работи објави видео од гасењето на денешниот пожар кај Демир Капија.

„ Хеликоптерската единица за посебни намени при Министерството за внатрешни работи со хеликоптер Ми-171, денес активно беше вклучена во гаснење на пожар во реонот на Демир Капија, во околината на местото Дрен, близу Дошница. На локацијата што беше зафатена со  пожарот направени беа три циклуси со ведро и беа исфрлени 7500 литри вода со што пожарот  успешно беше  изгаснат“, соопшти МВР.

 

Поврзани новости