ВИДЕО Елитен снајперист доаѓа во Украина, убил терорист од 3,5 км

by Фокус

Елитниот снајперист познат по прекарот „Вали“ се приклучува на борбите во Украина, бидејќи, како што вели, сака да им помогне на луѓето кои веќе две недели се под инвазија на руската армија.

-Сакам да помогнам, тоа е многу едноставно. Морам да им помогнам на луѓето кои се бомбардирани од некој само затоа што сакаат да бидат Европејци, а не Руси – изјави „Вали“ за NBC News.

Снајперистот, кој бил член на елитната 22-рата кралска ескадрила на канадската армија, служел во Ирак и Авганистан и учествувал во курдските борби против ИСИС.

Неговите мети „Вали“ ги погодува од неверојатни далечини и него му се припишува „светскиот рекорд“ за најдолг убиствен истрел досега.

Во јуни 2017 година, „Вали“ застрелал терорист на Исламска држава од неверојатна далечина од 3.450 метри.

Инаку, тој е ветеран и откако ја напуштил војската станал програмер.

-Моето семејство остана во Канада, а јас ќе го пропуштам првиот роденден на мојот син. Но, не можев да останам настрана и да гледам што се случува во Украина – рекол снајперистот.

Поврзани новости