Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово и Ростуше приведен на граница откако ја навредувал полицијата

by Fokus

Продолжува навредувачкиот и омаловажувачкиот однос на функционерите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ кон полициските службеници. Овој пат претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово и Ростуше, Харис Ибраими ги навредувал полициските службеници на граничен премин, додека траеле проверките.

Тој ги дал документите за провека, но почнал да се расправа со полициските службеници дека предолго траат граничните проверки, а од вербална расправија реториката прераснала во омаловажувачка реторика кон полицискиот службеник. Поради тоа, лицето било приведено со цел преземање на понатамошни мерки и документирање на фактичка состојба и било утврдено дека тој сторил прекршок.

На почетокот на месецов со омаловажувачки и навреднички однос кон полициските службеници се однесуваше и пејачот од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ Спасен Силјановски, кој се заканувал дека по 8 мај ќе одлучува за нивните судбини.

„Ќе видите што ќе ви се случи после 8 мај, патари ќе ве пуштам…сега ќе му се јавам на министерот за внатрешни работи, каде и да ве најдам цивил, ќе видите што ќе ви се случи“ се заканувал пејачот кон полицајците.

Поврзани новости