Ковачевски: Сѐ уште не е доцна да се смени правецот

by Fokus

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска разговараше со граѓаните од Аеродром за потребата за целосна и активна мобилизација на демократските сили за да се осигура понатамошниот прогрес на државата.

„Сѐ уште не е доцна да се смени правецот. СДСМ е единствената партија која е подготвена да се бори за граѓаните и за иднината на државата. Обединети сме и силни, сме издржале и време и невреме, и добро и лошо и секогаш сме биле на браникот на татковината. СДСМ е партија направена од цврст материјал. Откажувањето не е опција за нас.

Подаваме рака и ги повикуваме сите прогресивни сили на 8 мај, да гласаат ЗА прогресивна Македонија. Заеднички да не дозволиме да ни се врати заробената држава и режимското минато, времето на внатрешни конфликти и поделби“ порача Ковачевски.

Поврзани новости