Николоски од Могила: Потреба ни е масовна референдумска излезност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова

by Fokus

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Могила во рамки на парламентарната и претседателска кампања порача дека на сите им е јасна победата на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските и на парламентарните избори на 8 мај.

-Мислам дека на сите им е јасно дека победата е јасна и на претседателските и на парламентарните избори и ни остануваат уште неколку пречки на патот кои мораме да ги прескокнеме, рече Николоски.

Николоски во текот на своето обраќање побара сите граѓани да излезат да го остварат своето право на глас, затоа што седењето дома не е опција.

-Првата пречка поради која ние е потребна масовна референдумска излезност во однос на претседателските избори е да ги анулираме сите сценарија на оние кои не се откажуваат од власта, пред се тука мислам на политичката парија ДУИ која што подготвува бојкот на претседателските избори. За да не им успее бојкотот потребно е секој еден од вас да поразговарате со сите кои ги познавате и сите да излезат на гласање. Останување дома не е опција на овие избори, затоа што на 8 ми мај треба да избереме претседател на Македонија со најубедлива победа до сега, кажа Николоски.

Потоа Николоски посочи дека втора пречка која треба да се надмине и кои сите ја посакуваат е да се има цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство кое нема да биде уценувано во Собранието.

-Втората пречка која треба да ја надминеме и кои сите ја посакувате е да имаме цврста, стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со силно мнозинство во Собранието кое нема да биде уценувана од никого. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, влада без СДСМ, влада без ДУИ, влада без постојните коалициони партнери кои што ја уништија Македонија, кои што камен не ставија во општината и затоа е потребна исто така референдумска излезност, вели Николоски.

И на крај според Николоски трета пречка која треба да се надмине е да се реши криминалот и корупцијата.

-Третата пречка која што треба да ја надминеме заеднички е решавање на криминалот и корупцијата. Еден од најголемите избори на криминал и корупција е на неколку километри оттука, се вика РЕК Битола, дувлото на криминалот и корупцијата во моментот во Македонија, каде што заеднички крадат и СДСМ и ДУИ, дури и во моментот, во последните денови од власта се обидуваат вашите, народните пари, додаде Николоски.

Николоски од Могила порача:
-И последното најбитното, да реализираме што повеќе проекти за општина Могила и за целиот овој регион. Градоначалникот прави максимум, јас би сакал да му честитам. И со поддршка од владата сигурен сум дека ќе направиме многу, многу повеќе.

Поврзани новости