Вељаноски: Нема уставни и деловничкки можности да се свика седница

by Фокус

Претседателот на Собранието нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница, откако ќе се распушти, информираат од кабинетот на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски по поднесувањето на иницијативата за постапка за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов од страна на пратениците од СДСМ

Oттаму наведуваат дека се направени консултации со стручните служби на кои уште еднаш било потврдено дека не постојат можности за свикување на ваква седница.

Во ситуација кога Парламентот е распуштен, според Уставот, идна седница може да биде свикана само во случаи на воена опасност и вонредна состојба, односно природна непогода или епидемија.

Поврзани новости