Вакцинираните во САД не мора да носат маски на отворено ако нема метеж

by Fokus

Американците кои се вакцинирани против ковид-19 повеќе не мора да носат маски на отворено, освен во метеж, соопштија здравствените власти во САД.

Како што соопштија од регулаторните тела, научните податоци покажуваат дека ако се движат на отворено на места каде нема метеж и каде има мала група на луѓе, но ако се на стадион или концерт, би требало да носат.

„Ако сте ги примиле двете дози на вакцина и сакате да бидете дел од мал собир, во мала група на луѓе можете да бидете безбедни бе маска. Од друга страна, и понатаму препорачување носење маски на отворено каде има многу луѓе, како што се полни спортски стадиони или концерти“,

изјави Рошел Валенски од Центарот за контрола и превенција на болести.
Новите препораки од здравствените тела ги спомена и претседателот Џо Бајден кој оцени дека во последните месеци САД направиле извонреден напредок во борбата со пандемијата на што укажува и падот на новозаразени и смртни случаи. Сепак, рече тој, пред нас е долг пат.

Поврзани новости