Утре седница на Советот за безбедност за состојбата со пандемијата

by fokus

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. Тема на седницата ќе биде актуелната состојба поврзана со пандемијата.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

-На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Поврзани новости