Уште 11 пациенти позитивни на корона во „Сју Рајдер“, вкупниот број се искачи на 23

by fokus

Од вчерашните 17 брисеви земени од пациенти односно штитеници во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола 11 се позитивни на Ковид 19, јавува битолската телевизија Тера повикувајќи се на изјава на директорката на Центарот за јавно здравје во Битола д-р Елизабета Крстева.

Со ова, денеска вкупната бројка на позитивни е 23 лица и сите се штитеници во хосписот. Денеска биле земени уште 13 брисеви од пациенти и седум од вработени кои имаат лесни симптоми и лесна клиничка слика.

Поврзани новости