Украден банкомат од маркет во Аеродром

by fokus

Четири лица украле банкомат од маркет во скопската населба Аеродром, соопшти МВР, но нема детали од која банка бил поставен банкоматот, каде се наоѓал точно маркетот и колку пари имало во него.

-На 11.07.2021 околу 04.00 часот во Полициска станица Аеродром, В.Н. пријавил дека четири лица со употреба на сила влегле во маркет на подрачјето на Аеродром и одзеле банкомат, се вели во полицискиот извештај.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости