Уапсени се четворица кумановци – краделе во возила

by Fokus

МВР информира дека вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Р.(20), М.И.(31), Р.Р.(27) и Д.Р.(31), сите од Куманово.

Тие се сомничат дека на 02.10.2023 на улица „Никшиќка“ во Куманово одзеле повеќе предмети од неколку паркирани возила.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости