Уапсени двајца охриѓани: Удриле по децата и сопругите

by Fokus

Охридската полиција евидентира два случаи на семејно насилство во текот на вчерашниот ден, при што лишени од слобода се двајца охриѓани во два одвоени случаи.

Во првиот случај уапсен е Д.Т.(38) кој во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син, упатил закани кон сопругата и оштетил дел од покуќнината.

Во 18.20 часот уапсен е И.К.(56) од Охрид кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ги нападнал сопругата и нивната ќерка.

Од СВР Охрид информираат дека против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости