Уапсен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили

by fokus

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска е уапсен откако по осум години се врати во својата татковина.

Како што јави руската агенција ТАСС, апсењето на грузискиот опозиционер го потврди премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили во пресрет на локалните избори.

Саакашвили, кој ја предводеше револуцијата во Грузија во 2003 година, смета дека обвинувањата против него, кои се однесуваат на наводна злоупотреба на службената положба и прикривање, се политички мотивирани.

Апсењето се случи 18 часа откако Саакашвили, кој беше прогласен за виновен во отсуство и кој живееше во Украина во последните години, објави на Фејсбук дека се враќа во Грузија

Поврзани новости