Вториот човек во МВР бил сведок на пукањето на митинг на ДУИ

by fokus

Заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши, присуствувал на митингот на ДУИ во Чаир пред неколку дена, кога еден од присутните извади пиштол и испука неколку истрели во воздух, дознава Фокус.

Според лица присутни на настанот, Буши присуствувал во придружба на двајца членови од неговото обезбедување, кои всушност се припадници на МВР.

Неофицијално, тие по настанот во Чаир биле повикани во внатрешна контрола за да дадат исказ за пукањето.

Во однос на овие информации, побаравме официјална потврда и од МВР, но досега не добивме никакви одговори.

Исто така, се обративме директно и до заменик-министерот Буши, но и од него изостана реакција.

Инаку, Буши беше именуван за втор човек на полицијата како кадар на ДУИ при формирањето на актуелната влада после ланските парламентарни избори.

Претходно, Буши беше претседател на Одбор на директори и оперативен директор на Македонски Телеком.

В.С.

Поврзани новости