Тупанчевски: Никој нема да биде поштеден од одговорност по претресот во КПУ „Идризово“

by Fokus

Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово“ каде биле претресувани 25 ќелии и се пронајдени мобилни, ножеви и дрога, соопшти денеска министерот за правда, Никола Тупанчевски.

Тој заедно со директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски информираа за акцијата која била спроведена вчера наутро во шест часот од страна на четири институции, а при претресите биле пронајдени поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети.

-Резултатите од акцијата, првичните резултати се навистина дека се направи добра проценка и уште еднаш се реагираше на начин на којшто всушност би требало да биде, како во иднина треба да се реагира доколку се појават такви девијантни однесувања. Се разбира никој нема да биде поштеден од одговорност. Се работи за количина на мобилни телефони, ладно оружје итн. Без оглед на се, зборуваме за затворска популација или зборуваме за казнено поправна установа од затворен тип. Само по себе пред се тоа подразбира одговорност, не станува збор за некаква дисциплинска повреда и не се работи за некоја лесна форма на криминалитет, самото по себе тоа подразбира дека одговорност треба да има. Меѓутоа сепак да го оставиме тоа да го завршат институциите коишто се надлежни, истакна Тупанчевски.

Поврзани новости