Мал приватен авион се урна во Балтичкото море, со четворица патници летал накај Германија

by Fokus

Приватен авион од типот „цесна“ се урна во Балтичкото Море покрај брегот на Летонија во мистериозни околности. Тој бил следен од авиони на НАТО откако полетал од јужна Шпанија.

Според некои извештаи, авионот, во кој наводно имало четворица луѓе, требало да слета во Келн, но место тоа, се упатил кон Балтикот. Пилотите на НАТО и шведските официјални лица кои го следеле авионот не можеле да видат никого во кокпитот.

Авионот регистриран во Австрија полетал од шпанскиот град Херес де ла Фронтера во 14:56 часот. Според весникот „Билд“, авионот пријавил проблеми со притисокот во кабината набргу по полетувањето, по што бил изгубен контактот. Борбени авиони од неколку земји го следеле авионот на неговото патување, пред тој да почне да губи брзина и висина.

Шведски и литвански воени хеликоптери биле испратени во потрага по извештаите дека авионот се урнал близу летонскиот град Вентспилс. Кон местото на падот се упатил и летонски воен брод.

Поврзани новости