(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Данела АРСОВСКА меѓу оган и вода
Само што понуди Градот бесплатна обука за оџачари, ни надојдоа води,
од пожари превенција баравме, а по улици може и со брод да се броди!
Предвесник беше камионот што во фонтаната на Плоштадот се „нурна“
плус,  во Обвинителство се поплави архива, бре, многу неделава бурна!

 

Васко КОВАЧЕВСКИ прв енергетичар
Да, и Габриел Бајрам во затвор ќе оди, па нема кој да копа криптовалути,
ама и онака струјата ќе поскапува од јануари, па тој бизнис нема да цути,
дури ни во Арачиново, каде по 6 милиони евра струја годишно „губиме“,
отсега и тие ќе плаќаат, ги сакаме нив, но киловатите повеќе ги љубиме!

 

Оливер СПАСОВСКИ загрижен и за тело и за дух
Да примам благодарница од владиката Иларион за мене е голема чест,
имам заслуги за МПЦ, а и на руското признавање гледам ко на убав гест.
Ама, освен за душата, се грижам и за телото, на англиски се вика „боди“,
боди-камери“ ќе носат полицајците и кон помалку корупција тоа води!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски, Стево Пендаровски и Димитар Апасиев е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

 

Поврзани новости