Италија го освои Европското првенство за одбојкарки до 19 години

by Fokus

Одбојкарките на Италија се победнички на Европското првенство У-19 во Скопје. Италијанките вечерва во маратонски меч ја победија Србија со 3:2.

По речиси три часа игра, младите одбојкарки на Италија се радуваа на трофејот по 17:25, 27:25, 25:21, 15:25 и 17:15.

Во предигра на финалето, Полска со 3:1 ја совлада Холандија и го освои бронзениот медал.

На турнирот кој се играше во Скопје учествуваше и македонската репрезентација која на крајот не успеа да освои ниту еден сет и заврши како последнопласирана (12. место)

Поврзани новости