Црвенковски не сака медиумски да се експонира, молчи и за крвавите настани во Собранието

by Fokus 11:59
11:59

Поранешниот шеф на државата и екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски веќе подолг период не се експонира во јавноста, а одлучи да ги премолчи и крвавите настани што се случија на 27 април, при изборот на Талат Џафери за претседател на Собрането, каде што беа претепани пратениците од новото парламентарно мнозинство.

„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со Црвенковски преку шефот на неговиот кабинет за да ни одговори на неколку прашања, меѓу кои да ни го каже неговиот став за крвавиот четврток, дали после тоа се слушнал со актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој исто така беше повреден во Законодавниот дом и зошто не излезе јавно да ги осуди настаните од 27 април?

- Advertisements -

Од Кабинетот на Црвенковски не добивме повратни одговори, освен што не информираа дека тој повеќе не сака медиумски да се експонира.

И.М.

 

Поврзани новости