Цариниците заплениле златен накит во турски автобус, кафе и цигари во босански камион

by Фокус

Во текот на минатиот месец, царинските службеници открија една царинска измама, тројца мигранти како повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани златен накит, муниција за огнено оружје, рачни часовници, ремчиња за часовници, цигари, кафе за автомати, текстилни производи, делови за товарни возила, моторни пили, аудиотехника и фалсификати, информираат од Царинската управа.

Конкретно, биле откриени 66 грама златен накит при контрола на турски автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Накикот (1 златен гердан, 1 златна нараквица и 15  златни ланчиња со приврзоци) бил сместен во багажниот простор на автобусот и во рачна торбичка сместена во делот за багаж над седиштатата.

Потоа, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 5 парчиња муниција, 36 рачни часовници и 14 ремчиња за рачни часовници. Поточно, муницијата била пронајдена во преградата под потпирачот за раце помеѓу предните седишта, додека рачните часовници и ремчињата биле пронајдени во рачна ташна, во преградите на вратите и во фиоката под возачкото седиште.

На граничниот премин кај Дојран, пак, при контрола на празен босански камион управуван од српски  државјанин, биле пронајдени 4000 капсули кафе неспресо за автомат (околу 34 килограми), 9600 грама кафе во зрно, тип „LAVAZZA crema e aroma“ (96 пакувања по 1 килограм) и 20 штеки цигари марка Rothmans со македонски акцизни маркички.

Исто така, македонските царини заплениле облека, делови за возила, биле фатени мигранти, а биле откриена и една измама, односно бил спречен обид за пуштање во промет на стока без претходно да бидат спроведени пропишани царински формалности.

Поврзани новости