Три автобуси од Гостивар возеле патници со неисправни сопирачки

by fokus

Во текот на вчерашниот ден беше споведена акција од 7 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути, а биле контролирани 12 возила кои вршеле јавен транспорт, автобуси и минибуси од Гостивар, пренесува СДК.

При контролата било контатирано дека кај 3 возила имало техничка неисправност на уредите за сопирање, додека еден минибус го управувало лице без положен возачки испит.

„Трите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите и правните лица им се изготвени законски предвидените поднесоци“, соопштува портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Поврзани новости