Четворица повредени во сообраќајката кај Ласкарци се уште во критична состојба

by fokus

Четворица повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи пред една седмица, се уште се во критична состојба.

Двајца од нив се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), а двајца се во Градската општа болница „8 Септември“.

Од ГОБ информираат дека пет пациенти се пуштени на домашно лекување, а осум се на Одделот за трауматологија.

Неколкумина повредени пациенти се сместени во другите оддели во Клиничкиот центар.

Поврзани новости