Шекеринска: Се претворивме од држава која чека во ходник, во држава која влезе во клубот

by fokus

Најголемата промена со членството во НАТО е дека се претворивме од држава која во ходник чека каква ќе биде одлуката за нејзината иднина од страна на големите сили во држава која што влезе во клубот, во Алијансата, влезе во клубот на држави кон кои сакаме да припаѓаме. Сето ова носи обврски и предизвици. Отворивме една врата, но во таа нова преопсторија не чекаат нови обврски и ние тие обврски не ги сметаме здраво за готово, туку се работи кои повторно ќе треба да ги сработиме.

Ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во воведното излагање на научно-стручната расправа на тема „Перспективите од македонското членство во НАТО“ што се одржа денеска во просториите на Факултетот за безбедност – Скопје.

-Членството во НАТО значи дека од овој момент натака ние и на експертско, и на воено, и на политичко ниво сме дел од клубот што има обврски. Тоа значи дека на секој состанок ќе не анализираат и ќе не ценат според тоа како ќе настапиме, што ќе кажеме, како ќе постапиме. Мали држави како Северна Македонија нема да имаат втора шанса да направат прв впечаток. Во овие месеци ќе се формира сликата за нас како идна членка на НАТО и мислам дека сме свесни за сите овие предизвици и дека нашето однесување во НАТО ќе биде многу важен критериум за оценка и на нашиот европски план, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека најголемиот успех во однос на нашето членство во НАТО е што првите реакции и ратификации дојдоа од нашите соседи, нагласувајќи дека Словенија прва одлучи да почне со процедурата за ратификација уште пред нотификацијата, потоа следеа и другите соседни земји, а целиот процес вели, се одвива со брзина која изненади.

-Денеска Бугарија ја ратификуваше спогодбата, претходно тоа го направи Албанија. Во следната недела очекуваме тоа да го направи Романија. Практично сите земји во соседството беа први што рекоа дека не е ова важно за Северна Македонија, ова е важно за сите нас и ова е важно за регионот. Пред 20 години регионот беше симбол на кавги, на конфликти, на најлошо односи помеѓу најблиските држави, не се променивме само ние. Затоа сакам да им се заблагодарам на сите земји што ги забрзаа своите процеси за ратификација и да кажеме дека и ние делиме амбициозна агенда, не заради тоа што сметаме дека тоа е најважна работа во светот, туку затоа што сметаме дека добрите примери мора добро да бидат ценети, рече Шекеринска и додаде дека се очекува денеска и унгарската Влада да ја почне ратификацијата и да ја заврши пред почетокот на европските избори.

Поврзани новости