Трагедија утринава во Маџари: Маж загина во автомобил прегазен од воз

by fokus

Едно лице загина кога воз удри во возило на железничкиот премин кај Маџари во Скопје утрово во 5.50 часот.

Според првичните информации, товарен воз што сообраќал од Табановце кон Скопје удрил во возило „фолксваген венто“ управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.

Фотографијата е преземена од фејсбук страната „Ѕид на собраќајниот срам.“

Поврзани новости