Тонали признал се, најверојатно ќе паузира од фудбалот 10 месеци

by Fokus

Фудбалерот на Њукасл, италијанскиот фудбалски репрезентативец Сандро Тонали и адвокатскиот тим што го застапува одржале состанок со претставници на обвинителството во Италија, на кој тој признал дека се обложувал на натпреварите на Милан и каде настапувал.

Со оглед на тоа дека играчот од средниот ред соработува со органите на прогонот во текот на истрагата, Скај Италија дознава дека страните би можеле да постигнат договор и дека Италијанецот ќе биде суспендиран на само 10 месеци, што е значително помалку од претходно најавените 16.

Претходно се знаеше дека актери на нелегалниот скандал со обложување беа и италијанските фудбалери Николо Фаџоли и Николо Заниоло. Фаџоли веќе е суспендиран – седум месеци и пет условни казни – затоа што ги разоткри размерите на целиот случај.

Секој кој е вмешан во ова кривично дело може да добие забрана од фудбал до три години.

Скај разбира дека адвокатите на Тонали и обвинителството се блиску до договор, според кој 23-годишниот ќе биде суспендиран до август 2024 година.

Сандро на тој начин би ги пропуштил сите натпревари од актуелната сезона и Европското првенство следното лето.

Бидејќи пресудата се уште не е изречена, Италијанецот се уште има право да игра за премиерлигашот Њукасл.

Поврзани новости