Токикологија ќе ја води лекар по семејна медицина

by Fokus

На чело на Клиниката за токсикологија е поставен Генц Селмани, кој е лекар по семејна медицина, објави Канал 5. Селмани е поставен за в.д. директор за следните шест месеци, тој инаку има приватна ординација по општа медицина. За разлика од претходните директори на клиниката, Селмани нема да раководи со интернистичкиот ургентен центар.

Во изјава за Канал 5 тој негира дека е резултат на партиски пазар, откако за министер за здравство беше поставен Фатмир Меџити, кој е кадар на Алијанса за Албанците.

-Ќе си покаже времето дали сум или не компетентен – вели тој.

Откако Алијанса за Албанците го презеде Минситерството за здравство, се сменија повеќе директори на клиниките. Конкретно за Селмани, од Министерството велат само дека на претходниот директор му истекол мандатот.

За поставувањето на Селмани како директор на Токсикологија, претходно реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нов директор на Клиниката за токсикологија и ургентен интернистички центар ќе биде лекар по семејна медицина. Никогаш не работел во болница ниту клиника. Дали ќе биде после министерска или лекарска грешка“, напиша на твитер претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

Поврзани новости