Тешко ќе биде да им забраниме на гостите да се поздрават и да се гушнат, велат угостителите

by fokus

Ќе се потрудиме сите препораки да ги запазиме, но тешко ќе биде да им забраниме на луѓето да се гушнат и да се поздрават, изјави потпретседател на угостителско-туристичката комора при Сојузот на стопански комори по објавувањето на новите протоколи за одржување на свадбите.

-„Должни сме организаторите на свадба (младенците) да бидат детално информирани. Ќе го обезбедиме просторот, ќе ги кажеме сите препорки, но ако од нас се очекува да одиме по луѓето и да ги одделуваме, тоа ќе биде невозможно. Ќе се потрудиме сите мерки да ги запазиме. Ние не знаеме во каква сродство се луѓето што ќе бидат присутни. Кога ќе доаѓаат гостите, ќе гледаме веднаш да ги насочиме кон масите, изјави Ангеловски кој беше гостин во дневникот на ТВ Сител.

Владата денеска го објави правилата по кои ќе треба да се организира една свадба. Според протоколот на една маса ќе биде дозволено да седат по шест лица, бројот на гости ќе се ограничи на 50 проценти од капацитетот на објектот, но не повеќе од 100 лица. На влез задолжително ќе се мери температура. Дозволена е жива музика но, само ако се прави свадба. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса и не смеат да се движат и пеат помеѓу гостите. Дозволено е играње на подиумот со безбеден простор од четири метри квадратни по лице и со почитување на препорачаната дистанца.

Поврзани новости