Татко на убиено момче кај Смилковско: Вмешани се пратеник, доктор и судија!

by lali

Ми остана нејасно кои се лицата што се спомнуваат во обвинението, а кои останаа со неутврден индентитет. Имаме информации дека во случајот се вмешани пратеник, доктор и судија и бараме нејаснотиите да ни се дешифрираат, изјави денеска Горан Наќески, татко на една од петте жртви пред две години кај Смилковско езеро. Родителите на момчињата денеска дојдоа во судот да ја слушнат пресудата за случајот наречен „Монструм“, но останаа изненадени од информацијата дека пресудата ќе се одложи бидејќи судијата се разболел. Рочиштето е одложено е за 30 јуни, судијата сега имал грип пропратен со висока температура.

– Ние можеме да се согласиме дека мотовиот за убистовото е оној што го кажува јавната обвинителка (н.з. радикален ислам), но ќе ве упатам на терем да ги сликате новопоставените табли и да погледнте како имотот се претвори во приватен и како некој остварува приходи – доаде Наќески.

Денеска пред судот се собрани и роднините на обвинетите, а ним поддршка им даваат педесетина демонстранти кои со транспаренти бараат ослободување. За јавната обвинителка Гордана Ѓешкоска, која го води случајот, тие велат дека работела непрофесионалано и неправично, додека за судијата Ивица Стефановски сметаат дека е слуга на обвинителството.

Демонстрантите се поставени на педесетина метри од судот, кој го обезбедуваат барикадите и полицијата.

Поврзани новости