Од денеска и Македонците може да отвораат „Пејпал“ акаунти

by Фокус

Откако завчера „Пејпал“ најави дека и Македонците ќе може преку нивниот сервис безбедно да пазарат од интернет, денеска нашите граѓани веќе можат да отворат акаунт на оваа интернет страница.

„Разбирливо е тоа што луѓето се плашат да даваат информации за својоата кредитна или дебитна картичка на некој продавач кој не го познаваат и кој работи во некоја далечна земја. Од друга страна, тој продавач секогаш презема ризик кога прифаќа плаќање со дебитна или со кредитна картичка од муштерии кои доаѓаат од пазар кој не го познава. Сега, со тоа што ќе отворат сметка на „Пејпај“ луѓето и од овие десет држави ќе може да купуваат на интернет без да се грижат бидејќи знаат оти ние не ги споделуваме податоците за нивните картички со било која продавница“, се вели во завчерашното соопштение на оваа компанија.

На следниов линк е објаснето како се отвора сметка на „Пејпал“, процедура прилично слична како отворање нов имејл-акаунт. Покрај во Македонија, „Пејпал“ влегува и во Монако, Белорусија, Камерун, Молдавија, Брегот на слоновата коска, Црна Гора, Нигерија, Парагвај и Зимбабве.

Поврзани новости