За роднините на обвинетите во „Монструм“ процесот е монтиран

by lali 10:52
10:52

Не можеме да се согласиме дека мотивот за убиството е радикалниот ислам, зашто Албанците кои се поголеми верници не значи дека се фундаменталисти, изјави денеска пред судот Бедри Ајдари, братот на обвинетиот во случајот „Монструм“, Фејзи Азири.

– Од самиот почеток сметаме дека истражните органи приведоа погрешни луѓе, а претпоставувам тоа го знаат и семејствата на децата. Реагираме и на начинот на кој обвинителката и судијата го водеа процесот. Иако можеме да претпоставиме каква ќе биде пресудата, сепак нема да се откажеме и ќе докажаме дека процесот е монтиран – вели Ајдари.

Протестот за ослободување на обвинетите во процесот, заврши пред половина час без никакви инциденти.

- Advertising -

Поврзани новости