Илир Мета: Победата на професор Силјановска Давкова ќе биде уште поубедлива

by Fokus

Илир Мета – екс албанскиот претседател (2017-2022 година) е „воодушевен од вчерашниот изборен резултат на ВМРО ДПМНЕ”.

– Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија, на тој модел, кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови – смета Мета, јави албанската „АБЦ њуз“.

Тој изразува убедување дека победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.

Според медиумот, по примерот на случувањата во соседната држава, Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и за да биде алтернатива на изборите во 2025 година.

– Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот – додал Мета.

Поврзани новости