Сведоштво: На девојка и беа скршени нозете, татко сакаше да влезе во автобусот да го спаси синот

by Fokus

„Камионот ми беше на стотина метри од запалениот автобус. Кога се симнав, слушнав врисоци. Преживеаните врескаа и плачеа. Лицата им беа облеани во крв, објаснува сведокот, кој се нашол прв во близина на автобуската несреќа во Бугарија и им помогнал на преживеаните, објави бугарска „Нова“.

Лицето било веднаш до запалениот автобус, пред да пристигнат полицијата и пожарникарите.

-Имаше две девојки на околу 20 години. Едната беше потешко повредена. Едно од момчињата ја носеше девојката на раце, но ја испушти бидејќи и тој имаше повреда на ногата и едвај се движеше. Јас ја преместив до крајот на автопатот. Мислам дека ѝ беа скршени нозете. Еден од мажите викаше „Сине, сине“, очигледно неговиот син бил во автобусот. Тој дури сакаше да влезе внатре, но јас го спречив. Единственото нешто што можеше да се слушне од автобусот беше како стаклата се кршат од самата температура и како сето гореше, додал сведокот.

Поврзани новости