Студено утро – топол ден

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје и во околината сончево со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.

Поврзани новости