Струмица за лицата со Даунов синдром: 500 деца во бело ќе испратат порака за прифаќање и поддршка!

by fokus

Денес со почеток од 12 часот на плоштадот ,,Гоце Делчев” во Струмица ќе биде одбележан светскиот Ден на лицата со Даунов синдром.

Околу 500 деца од сите градинки и училишта во градот, од музичкото училиште, од Посебното училиште од Ново Село и Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско ќе ја испратат пораката дека светот е поубаво место за живеење кога се имаме едни со други.

Сите тие, облечени во бело, ќе играат на познатиот хит „A ram sam sam“ од Gasca Zurli точно на пладне. Ќе танцуваат во големо нацртано срце на плоштадот, а потоа ќе го обојат со креди во различни бои.

По танцот ќе се одржи хуманитарен настан, и на поставени штандови ќе се продаваат рачни изработки.

Настанот е во организација на Здружение за помош и поддршка на лица со Даунов синдром.

Поврзани новости