Столтенберг пристигна во Скопје

by Fokus

Специјалниот авион на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг слета на Меѓународниот аеродром Скопје, а за околу еден час се очекува да слета и вториот авион во кој се амбасадорите на земјите членки на НАТО, односно Северноатланскиот совет (НАК), со нивните придружни делегации.

На аеродромот беа пречекани од висока владина делегација по што се упатија кон Собранието на Република Северна Македонија каде ќе се одржи свечен прием во нивна чест.

Утре на платото пред Владата ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести за генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Тој во Владата ќе има и тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Генералниот секретар Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

ФОТО 1ТВ

Поврзани новости