Стоилковски по тужбата од Коневски: Ќе треба да ја докажеш клеветата!

by fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, му реплицираше на екс градоначалникот Ивица Коневски кој против него поднесе тужба за клевета. Му порача дека ќе треба да ја докаже клеветата.

-Пренесете му на “комшијата” Ивица Конески, чиј што демократски капацитет е блокирање на фб, дека е редно да остави коментирање. Којзнае колку деца му ангажирале да му “кречат коментари”.
А тоа што ме тужи не значи и дека има основа. Сега ќе треба да ја докажува клеветата.

Комплексите испливуваат и во текстот на тужбата, каде во прва реченица морал сам да се испофали. А заради тој успех загуби со 4.000 гласа!
Полека “Комшија”, има уште!
На пример да кажеш колку ми се плеткаш низ маало?
И Ивица, јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што Претседател е проф. д-р Христијан Мицкоски.
П.С. “Комшија” се замислил дека е достоен Проф. Д-р. Мицкоски да се занимава со него, напиша Стоилковски на фејсбук.

Поврзани новости