Стоилковиќ до Заев: Референдумот ви носи сериозен проблем

by fokus

Пратеникот од Демократската партија на Србите Иван Стоилковиќ, му реплицираше на премиерот, Зоран Заев, кој на денешната комисиска расправа ги повика пратениците од опозицијата внимателно да размислат пред да гласаат во понеделник. Во репликата Стоилковиќ му порача на премиерот дека проблемот е во резултатите од референдумот.

-Треба да имате одговорност при носење одлука, секое носење одлука не е максимално слободен чин, туку е определено со Устав и закон. Замислете како би изгледала одлука на комисијата за уставни прашања која брои 17 члена, и 8 члена да гласаат за, во тој случај таа одлука нема да биде усвоена, треба 9 члена да гласаат. Затоа референдумот ви носи сериозен проблем, референдумот имплицира почитување на волјата на граѓаните. Ние тука не треба да водиме сметка само за политичкиот амбиент, туку и за Уставот и законите – рече Стоилковиќ, за кој се шпекулираше дека е еден од пратениците од опозициската коалиција кој можеби ќе биде придобиен во преговорите со пратениците за гласање на уставните измени.

 

Поврзани новости