Владата ќе ја ангажира Сузана Манчиќ за наредната лотарија на која ќе се избираат новите 1.600 административци, најави вчера портпаролот Александар Ѓеоргиев. И покрај шпекулациите Манчиќ нема да се појави на телевизија, туку нејзината улога ќе биде советодавна, а од нејзиното искуство ќе црпи никој друг ами Зоран Ставрески.
– Једва чекам да доџем и да покажем Зокију како се лото ради. Зоки мораш се више смијати, ти си гласник радости и весеља – му порача Манчиќ на министерот и му прати пољупче.
Груевски испланирал од тренингот на Ставрески да сними реално шоу, во кое ќе биде прикажан еден цел ден со поранешната лото-девојка. Неофицијално, вицепремиерот се сложил, но под услов во етер да не одат утринскиот аеробик и пилатес-вежбите со Сузана Манчиќ.